ВМРО и ДБК го организирале насилството во Собранието на 27 април, армијата негира вмешаност!
Иницијативата „За заедничка Македонија“ била формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имала фиктивни водачи, а структури на УБК го организирале насилството во Собранието на 27 април 2017 година, изјави вчера пред судот Александар Василевски – Нинџа, еден од 33-цата обвинети за настаните во Собранието.
Според исказот на Василевски, вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ биле Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, а програмата за секоја нивна активност била пишувана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 27 април му кажал дека „комуњарите сакаат да бираат претседател и дека во секој момент треба да биде прогласена воена состојба“, а во 19:15 му се јавил и му рекол да оди да известува од терен.Исказ пред судот, вчера даваше и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор. На прашање од судот каде бил на 27 април, рече дека не се сеќава точно, но дека по завршување на работното време бил на натпревар. Во однос на Нинџа рече дека со него се познава од теретана околу две и пол години, односно недела до две пред да стане директор на УБК, а за тоа дали Нинџа бил вработен во службата, Атанасовски се повика на тајност.Василевски пред судот кажа и дека на една од клупите во „Жена парк“ го сретнал и Горан Грујоски, кој му рекол дека „нема да има вонредна состојба поради притисок од странците кај претседателот на државата“. Околу 22:15 го одвеле во прикриена база на УБК кај Државна болница, каде биле Бошкоски и Сашо Марковски, каде пак разбрал дека се одземени хард дисковите од обезбедувањето на Собранието.Генералштабот на Армијата на Република Македонија, вчера излезе со демат за информациите за каква било инволвираност на АРМ во случувањата во Собранието на 27 април минатата година оценувајќи ги како груби дезинформации. Од ГШ на АРМ потенцираат дека стојат на располагање во целост да ги презентираат сите податоци и да соработуваат со сите надлежни институции со што конечно ќе се стави крај на натамошни шпекулативни толкувања со кои се нарушува угледот на Армијата.