Замрзнувате храна? Еве што никогаш не смеете да ставате во замрзнувач!
Варени јајца, крем сирење, пудинг, кисела павлака, салата од пилешко или туна, се само некои од намирниците кои не смеете да ги замрзнувате, велат нутриционистите. Не замрзнувајте и:
Варена тестенина
Ќе го загуби вкусот и текстурата и кога ќе ја одмрзнете ќе се претвори во каша.
Еднаш веќе одмрзната храна
Повтрони замрзнување на веќе одмрзната храна може да биде штетна за вашето здравје, бидејки бактериите така побрзо се размножуваат. Одмрзнатата храна можете повторно да ја замрзнете само ако ја сварите.
Сосови
Ако во нив има брашно, никако не ги ставајте во замрзнувач.
Кечап
Кечапот нема да се расипе, но кога ќе го одмрзнете ќе биде воденест.
Пржена храна
Со ставањето во замрзнувач, ќе ја уништите крцкавата коричка на пржената храна, и таа целосно ќе го загуби вкусот.
Авокадо
На ниските температури авокадото целосно го губи вкусот.