Печени тиквички со павлака и сирење
Направете вкусен ручек со тиквички и павлака од рерна.
Ова е рецептот за брзиот ручек:
СОСТОЈКИ.
- 3 тиквички
- 150 гр. сирење
- 100 гр. кисела павлака
- сол
- масло
- 2-3 чешни лук
- вегета
ПОДГОТОВКА.
- Се лупат и сечат тиквичките на кругови, па се става сол на нив.
- Се редат во плех со хартија, премачкан со масло, се става изронето или изрендано сирење, па мешавина од павлака со ситнет лук и вегета и сол.
- Се премачкуваат тиквичките и се печат на 180 степени додека не поруменат.