Мафини со тиквички
Брзи и вкусни мафини со тиквици…
СОСТОЈКИ:
- 700 гр свежи тиквици
- 150 гр растопен путер
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 2 јајца
- 2 лажички сода бикарбона
- 700 гр брашно
- 200 гр кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Загрејте ја рерната на 170 степени, измешајте јајца и шеќер па додајте тиквици и путер. Посебно измешајте брашно со сода бикарбона и малку сол па измешајте со претходната смеса. На крај додајте издробено сирење и сѐ добро измешајте.
- Намастете калапи за мафини, излејте ја смесата во нив и печете 25-30 минути. Кога ќе бидат печени, посипете со рендан кашкавал.
Добар апетит!
Повеќе на Готви.мк: https://gotvi.mk/2019/08/24/mafini-tikvici-recept/