Пожарите го уништиле домот на Домородното племе: Живееле длабоко во прашумата, а сега секаде е пустош! Нивните зборови се лекција за цел свет!
Страшните пожари во Амазонија ги уништиле домовите на домородците кои живеат длабоко во прашумата.
Пожарот се заканува да ги уништи и заштитените шумски резервати.
Домородното племе Мура денеска е опкружено со исушена почва и исечени дрвја, како резултат на неконтролираното сечење дрвја, како и пожарите кои веќе некое време беснеат во Бразил.
Племенскиот старешина Раиминдо Мура, кој живее во близина на Хумаит во Амазонас, вели дека до последната капка крв ќе се бори за шумата.
„Секое дрво има живот, дрвото треба да живее каде што му е местото. Ова е за нас уништување, ова што тука се случува е злочин против нас“, рекол тој.
Уште еден припадник на племето, Хандек Вакан Мура, рекол дека секој ден гледа како уништувањето напредува.
„Тажни сме бидејќи прашумата умира секој час. Чувствуваме дека климата се менува и дека прашумата му е потребна на светот. Нам и на нашите деца оваа прашума нѝ е потребна“, додал тој.
Припадничка на едно племе, додека оганот горел позади неа, за медиумите огорчено рекла: „Погледнете што му направија на нашиот резерват. Се мачевме две години и потоа дојдоа овие бандити и нашето село гори. Како браната да не беше доволна, ја убија реката, а сега сакаат да го уништат и нашиот дом. Ова нема да го премолчиме.“
Повеќе од 9.500 нови пожари се појавиле ширум Бразил, воглавно во подрачјето на џунглата.
Експертите процениле дека секоја минута исчезнува област со големина од 3 фудбалски терени.
Пожарите се толку страшни што последиците можат да се видат од вселената. Во Амазонската прашума живеат околу милион домородци, а таа е и дом за околу три милиони видови растенија и животни.