Торта не се пече, готова за 15 минути
Не се пече, готова за 15 минути!
СОСТОЈКИ:
500 гр мелени бисквити
200 гр мелени лешници или ореви
200 гр шеќер во прав
200 гр маргарин за колачи
100 гр чоколадо (млечно или за колачи)
200 мл сок од портокал
10 крем банани
200 мл слатка павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Растопете маргарин и чоколадо. Бисквитите, оревите или лешниците, шеќерот, измешајте ги па додајте сок и растопен маргарин и чоколадо. Изгмечете добро со раце. На помала тепсија или тацна ставете фолија.
Филувајте: замесена смеса, исечкани бананчиња (5 парчиња), смеса, бананчиња, смеса. Порамнете ја тортата од сите страни и ставете во фрижидер да стои околу еден час. Свртете ја тортата на тацна, тргнете ја фолијата, уште малку обликувајте и премачкајте во дебел слој разматена слатка павлака или шлаг.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: