Канибал во Босна:Ја искасапил мајка си и јадел од нејзиното тело
Сабахудин Велиќ (33) рече дека тој ја искасапил неговата мајка (60) и јадел од нејзиното тело, бидејќи четири џина му кажале тоа да го направи пишува босанскиот портал ,, Дневни аваз,,
Ужасот од кој се замрзнува крвта во вените се случи во населбата Баштра помеѓу Босанска Крупа и Бужим. Како што дознавме, Сабахудин Велиќ (33) завчера од босанска Краина се возел со автомобилот во Сараево, со мобилен телефон ја повикал полицијата и рекол дека со секира ја убил 60-годишната мајка Насиха и ги поканил да дојдат.
Потоа полициската патрола беше испратена до пријавената локација, која со особена претпазливост му пристапила на случајот, Сабахудин бил ладен кажал дека ја заклал малка си и дека го искасапил нејзиното тело.
Како што траеше сослушувањето, иследниците ги слушнаа деталите за злосторството што многу ги потресло. Осомничениот на запрепастување на иследниците изјавил дека десет дена сечел и јадел делови од телото на несреќната жена, а остатокот од телото ги изгорел, а потоа и ги закопал на различни локации околу куќата.
Иследниците не можеле да поверуваат во она што го слушнале, па првично ги зеле неговите изјави со резерва. Како што откри извор близок до истрагата, запрашан Сабахудин зошто тој ја убил мајка му, тој рече дека бил под влијание на црна магија, т.н. сихир, и дека неговите четири џинови дошле пред неговите очи и дека му било наредено да го стори тоа!
За случајот истиот ден се јавил и братот на Сбахудин во полиција на која и рекол дека неговиот брат ја убил нивната мајка, и дека само што му го соопштил тоа на телефон.