ТАВИЛА: МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ КОЈА Е НАЈТРАНСПАРЕНТНА ВО СПОДЕЛУВАЊЕ НА БРОЈКИТЕ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД 19

Според  Џихан Тавила, претставникот на Светската здравствена организација во Македонија тврдењето  дека земјава има најголема смртност во регионот како последица на КОВИД 19 не е точнo, бидејќи Македонија е меѓу земјите кои е најтранспарентна во споделување на бројките и статистиките.

„Северна Македонија е меѓу земјите која е најтранспарентна во споделување на бројките и статистиките. Изјавата дека земјава има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава. Таа е една од ретките земји која прави и посмртен тест, па според тоа потребно е да се биде внимателен кога се прават споредбите меѓу земјите“, изјави шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, вели  Тавила во интервујто за Телма.

Translate »