Телеком засади 25 000 нови дрвца и собра 12 000 стари мобилни уреди

Во март годинава, Македонски Телеком ја започна еко-иницијативата „Заедно за заштита на животната средина“ за намалување на електронскиот отпад и обнова на зелените површини. Компанијата се обврза да направи вистинска разлика: да ги намали штетните влијанија од електронскиот отпад и да ги обнови шумите во регионите погодени од големите пожари.

Заедно со корисниците, досега се собрани над 12 000 стари мобилни уреди, коишто соодветно ќе се рециклираат во партнерство со Нула отпад. Компанијата се обврза за секој собран уред да засади ново дрвце, но го удвои овој број и, во акцијата за пошумување со Македонски шуми, засади 25 000 нови дрвца во Кочанскиот регион на површина од 10 хектари.

Македонски Телеком посветено работи на заштитата на животната средина и на намалувањето на штетните последици од климатските промени. Намалувањето на електронскиот отпад и обновата на природните ресурси се наша обврска и стратешки приоритет на кој компанијата посветено работи. 

Оваа заложба е дел од глобалната иницијатива на Дојче Телеком #GoodCause којашто се спроведува во 10 земји во Европа. Целта е со заеднички сили да се соберат и рециклираат 1 милион стари електронски уреди до 2024 година и да се влијае на обновата на природните ресурси.

Translate »