Топ 10 растенија идеални за садење во овој период од годината

Овошките во градината се секогаш добродојдени, даваат вкусни плодови и воедно ја разубавуваат градината.
Одгледувањето на овие вкусни садници е многу едноставно:
Не бараат голема грижа, повремено полевање и заштитно прскање е се што им е доволно, за да го наполнат домот со вкусни плодови.

Цена на садница: 180 ден
Висина: 100-120 cm.


Listopadni drvja acer palmatum


2. Acer Palmatum

Најпосакуваниот и нај употребуваниот вид во урбаната хортикултура-Јапонскиот јавор. Исклучително популарен заради својата декоративност.
Постојат различни вариетети: со црвени листоиви, со зелени листови, џуџест, чадорест, топијарени…
Кој и да го одберете секако ќе го разубави Вашиот двор.
Може да се одгледува и во саксии и директно во почва.

Цена: 350 ден.
Висина: 70-80 cm.

cvetna grmuska ruza

3. Ружи

Повеќегодишни цветни грмушки кои имаат прекрасни цветови кои сите ги познаваме.
Одржувањето е едноставно – Полевање , Редовно кроење на прецветаните цветови и повремена прихрана
Може да бидат посадени и на сончеви и на сенковити позиции.
Ползавици,мини ружи, полијанти, чаевки…
Изборот на бои е огромен.


Цена: 150 ден. /ружа со гол корен

salix brzorastezna vrba
Salix spp


4.Salix spp.

Листопадна декоративна садница.
Идеален вид за формирање дрвореди и зелени појаси.
Растение кое не бара многу внимание а дава одлични ефекти
Вид брзорастечка врба, која е одлична за садење во дрвореди или самостојно како фокална точка во дворот.
Лесна за одгледување, може да се одгледува на скоро секакви позиции.




Цена: 180 ден.
Висина: 200cm.


erica carnea cvetna povekegodisna grmuska

5.Erica carnea

Преубава повеќегодишна цветница.
Цвета многу рано на пролет, со што го обележува отпочнувањето на пролетта и убавите сончеви денови.
Ги разубавува градините во текот на целата година. На пролет се полни со прекрасни розеви цветови, а во текот на годината е убава зимзелена грмушка.
Може да се одгледува на сончеви и полусенковити позции и не бара голема грижа.


Цена: 180 ден.

proletna cvetnica primula jaglika


6.Primula Vulgaris -Јаглика

Првиот предвесник на пролетта.
Изобилие на бои, во сите комбинации.
Преубавите цветови кои носат ведрина во сеуште ладните зимски денови.
Полевајјте ја неколку пати неделно, поставете ја на сончева позиција
И следната пролет очекувајте повторно да Ве израдува со првите цветови.



Цена: 50 ден.

7.Тhuja Smaragd

thuja smaragd zimzelen vid

Видот Thuja Smaragd е брзорастечки четинар, кој расте густо и компактно,одлично поднесува кроење па затоа е често употребуван за подигање зелени огради.
Освен за зелени огради, одличен вид е и за садење самостојно или во комбинација со други видови.
Многу лесно може да ја добиете посакуваната висина, а со малку повеќе искуство во кроењето и време можете да добиете многу интересни форми.
Може да се одгледува во саксии или директно во почва.
Одлично поднесува многу сончеви позиции. И е отпорен на ниски температури.

Цена: 60-1.800 ден.
*КУПЕТЕ 2 САДНИЦИ И ДОБИЈТЕ 1 ГРАТИС !

platanus listopadno drvo zeleni listovi


8.Platanus spp.

Брзорастечки листопаден вид, кој е погоден за формирање на сенка во градината.
Погоден за кроење , и освен природната форма , крошната може да биде оформена и во различни форми.
Се користи за формирање дрвореди или во комбинација со други видови.
Се одгледува и на сончеви и на сенковити позиции


Цена: 180 ден.
Висина: 150cm.

crvena sliva listopadna sadnica
Prunus Nigra

9. Prunus ceracifera ‘Nigra’

Црвената слива -lat. Prunus cerasifera ‘nigra’ e листопадно дрво, ислучително интересно и декоративно заради јаката црвена боја на листовите.
Во висина расте 7-9м. и формира густа крошна.
Се одгледува скоро на секакви позиции и не бара голема грижа.
Во градините е често употребуван вид заради својата декоративност и впечатливост.


Цена: 350 ден.
Висина: 160-170cm

Viburnum tinus zimzelena grmuska


10.Viburnum tinus ‘Eve Price’

Декоративна и многу интересна зимзелена грмушка.
Може да се одгледува на сенковити и полусенковити позиции
Не бара голема грижа, освен редовно полевање.
Компактниот начин на растење и обилното цветање го прават овој вид исклучително интересен и посакуван во многу урбани градини.


Цена: 1.400 ден.
Висина:70-80 cm.

За повеќе информации за видовите, начин на садење и одгледување и било каков совет поврзан со хортикултурата
Контактирајте не на: info@foja.com.mk / +389 78 225 897

Translate »