Заев во приватна посета кај Харадинај
Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица Заева, вчера биле во приватна посета на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Харадинај за гостопримството кое им го укажал на Заеви напиша на својот Фејсбук профил:
– Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба за нашето пријателство да размислуваме за односите меѓу нашите две земји и народи.