Армијата на Путин- Жените војници најатрактивни на парадата
На парадата на Црвениот плоштад во Москва била прикажана најмодерната руска артилериска, ракетна и воздухопловна борбена техника. Воената парада е по повод Денот на победата, а парадирале и одбрани претставници од сите родови на војската.
Биле видени и славните ПВО системи S-400, најмодерните бомбардери и тенкови, но најмногу внимание украла една посебна единица.
Тенк “Армата”
Оперативниот мотор Армата има до 1.800 коњски сили, додека основната верзија на тенкот е опремена со мотор од 1.500 коњски сили. Тенкот има тричлен екипаж. На предната страна се наоѓа вооружена капсула. Неговото главно вооружување вклучува топ со калибар 125мм и митралез на далечинско управување со калибар 7,62 мм. Армата е опремена и со противтенковски ракети “Сокол 1”.
“Уран 9 за прв пат пред публика”На Црвениот плоштад прв пат бил претставен роботскиот комплекс за далечинско деминирање и огнена поддршка “Уран 9”. Рускиот портал “Gazeta.ru” наведува дека “Уран 9” може сам да лоцира мета, но дека конечната одлука за пукање на носи лицето со далечинскиот управувач.
Прелет над Москва
Воздухопловството ги прикажало и хеликоптерите и современите борбени авиони, кои летале на височина од 300 до 500 метри над Москва со брзина од 500 километри на час. Прикажана била и група суперсонични ловци “MiG-31”, бомбардери “Su-24m” и лесни ловци “MiG-29SMT”.
“Кинџал” за прв пат во јавност
Јавноста прв пат над Москва можела да го види модернизираниот авион “MiG-31K”, опремен со најнов хиперсоничен воздушен систем “Кинџал”. Пред неколку месеци Путин за оваа суперсонична ракета рекол дека може да ги победи сите противвоздушни системи, со дострел од 2.000 километри.
Дрон Корсар
Претставени биле и најновите дронови во рамките на руската авијација – беспилотните летала “Катран” и “Корсар”. “Корсар”, кој може да се користи и ракетен напад, е прилагоден за сите временски услови. Тој дрон може да лета и на висина до шест километри, најмногу 10 часа.
Најубава единица
Сепак, сета таа моќна воена техника не привлекла ни половина од вниманието како членките на Воениот универзитет при Министерството за одбрана на Русија, Вољскиот воен институт за материјална заштита и Воената академија “Буденој”.