ВИДЕО: Среќна „13-ка“ за Даниловски – еве ги сите одбрани на „пантерот“ на Металург!
Голманот Никола Даниловски беше јунак на Металург, во првата победа во Лигата на шампионите. Чуварот на мрежата имаше одлично попладне и забележа вкупно 13 одбрани на мечот против Чеховски Медведи и беше прво име во деби-триумфот оваа година (25-24).
Според официјалната статистика на ЕХФ, Даниловски на мечот со Чеховски Медведи собра 13 одбрани. За многумина овој број е малерозен, но за голманот е вистинска среќа. Ја одигра една од најдобрите партии во дресот на Металург, пред очите на Европа.
Голманот од вкупно 31 шутеви запиша 13 одбрани и заврши со 42% ефикасност меѓу стативите. Од шест метри тој имаше 40% ефикасност (6/15), од девет метри фати 62% од шутевите (5/8), додека од крило имаше 40% ефикасност (2/5). Единствено, не успеа да обрани ниту еден пенал (0/3).