Која е тајната на убаво уредените дворови?
Долгорочно гледано тајната е во одржувањето. Бидејќи инвестицијата во добар проект и ексклузивен посадочен материјал може брзо да пропадне доколку зеленилото не се одржува редовно и правилно. Тоа не подразбира само редовно полевање, туку и кроење, прихранување и заштита од штетни инсекти и габи, а треба да се води сметка неопходните третмани да се изведуваат во континуитет.
Добрите градинари ги знаат тајните на правилното уредување и комбинирање на декоративните садници, ги познаваат нивните карактеристиките, како растат, какви услови за одгледување им се потребни колку, сончева светлина, топлина и вода…Токму затоа подобро е да се посоветувате со експерти пред нешто да направите.
Дојдете во градинарскиот центар ФОЈА, каде ќе имате можност да одберете од големиот избор на декоративни садници.
Дополнително можете да се информирате на телефонот: 2 772 046, преку е-маил адресата fojako@yahoo.com или преку фејсбук фан страната https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja/timeline.
Па дури и овој период можете да садите, пресадувате… уживајте во уредувањето на вашиот двор или тераса!