ПЕНДАРОВСКИ: НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ИСКЛУЧИТЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ (ВИДЕО)

Јас мислам дека делови од владата со тоа што селективно ги применуваат мерките, прописите и законите во однос на верските заедници конкретно мислам дека дополнително придонесоа да се шири вирусот, вели за РСЕ претседателот Стево Пендаровски.

– Не можете да ги исклучите од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките. Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата само, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или неработат, вели Пендаровски.

Translate »