Љубљана станува прв град без отпад

Љубљана е првиот европски главен град кој се обврза дека ќе стане град без отпад (zero-waste), пишува Гардијан.

Се почнало во 2002 година со одделување на хартијата, стаклото и амбалажите во контејнери покрај патот. Четири години потоа, почнало собирањето на биоразградлив отпад од врата до врата.

Одделното собирање на биоотпад во 2023 година ќе стане законска обврска во цела Европа, но Љубљана била подготвена скоро две децении пред сите. Во 2013 година секој праг во градот добил канти за ставање на амбалажи и хартија. Зачестеноста на носењето ѓубре е намалена за половина – што ги натерало луѓето поефикасно да го разделуваат отпадот, пренесува Investitor.

Резултатите се импресивни. Во 2008 година главниот град рециклирал само 29,3 отсто отпад и заостанувал зад другите градови во Европа. Денес тој процент е 68 отсто, а на депониите се одвезува скоро 80 отсто помалку отпад, што ја става Љубљана на самиот врв кога зборуваме за рециклирање во европските градови. Љубљана сега произведува само 115 килограми отпад по глава на жител годишно, а европски град со најмалку отпад е малиот град Тревисо во Италија со 58 кг.

Развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошки отпад бил голем чекор во постигнување на целта – минимално 75 отсто отпад да се рециклира до 2025 година.  Регионалниот центар за управување со отпад е отворен во 2015 година и денес опслужува скоро четвртина од Словенија, користи природен гас за производство на топлина и струја, преработува 95 отсто отпад во материјали кои може да се рециклираат и во цврсто гориво, и праќаат помалку од 5 отсто на депонијата. Дури го претвора биоотпадот во висококвалитетно ѓубриво за градините.

Но, не се работи за преработка. Превенцијата, повторната употреба и рециклирање се приоритет. Покрај собирањето од врата до врата, Љубљана има два центри за рециклирање отпад од домаќинствата, каде граѓаните можат да го отаваат своето ѓубре.

Izvor: Investitor

Translate »