Дојде и тој ден: Ердоган и дефинитивно поразен во Истанбул!

Реџеп Таип Ердоган му честиташе на опозицискиот кандидат за победата во Истанбул, а Имамоглу вети нов почеток, но и соработка со турскиот претседател.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе на опозицискиот лидер Екрем Имамоглу за вчерашната победа на повторените избори за градоначалник на Истанбул.

„Му честитам на Имамоглу кој што победи според неофицијалните резултати“, напиша турскиот претседател на Твитер синоќа, откако веќе стана јасно дека неговата владеачка партија „АКП“ ќе претрпи нов пораз во најголемиот турски град.

Според резултатите, Имамоглу доби 54% од гласовите, а кандидатот на партијата на Ердоган, Бинали Јилдирим и пред да се огласи Ердоган, го призна поразот и му честиташе на својот противник за победата.

Имамоглу вети „нов почеток“ во Истанбул и изрази подготвеност за соработка со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Имамоглу исто така победи и на локалните избори на 31-ви март и беше градоначалник на Истанбул 18 дена, но турската државна изборна комисија, после жалбата на „АКП“ ги поништи тие резултати поради нерегуларности, па беа организирани нови избори.

Translate »