Дури и Русите останаа запрепастени: Ни пристигна „Балканскиот монструм“
Студот во Русија не е никакво чудо, но толку силна снежна бура, врнежи на снег и мраз кои зафатија повеќе руски региони, не паметат ниту најстарите жители, пренесуваат руските медиуми.
Москва синоќа беше погодена од „Балканскиот монструм“ како што тамошните медиуми го нарекоа силниот циклон кој донесе обилни врнежи на снег, а циклонот го доби своето име поради тоа што во Русија пристигна од подрачјето на Балканскиот полуостров.
Патиштата се „затрупани“, видливоста е намалена, а според прогнозите на метеоролозите, денеска се очекува да наврне количина на снег која што обично паѓа во текот на една седмица.
Големото невреме посебно ги зафати Вороњешката и Ростовската област. Во Владивосток, на Далечниот исток на Русија, снегот не престанува да паѓа веќе со денови, па сообраќајот е во тотален колапс.
И на Урал и Сибир се е под снег и мраз. Во Јакутија се измерени и до -50 Целзиусови степени, па поради тоа учениците не одат на училиште, туку имаат онлајн настава.