Груевски или Заев: Ахмети кажа кој му бил подобар соработник ?
Како да имам еден немир за уставните измени, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Сега, за да се направи споредба, мислам дека треба да помине едно подолго време за да се биде пообјективен, за да се биде порационален, затоа што, ако правиме една избрзана споредба, секако дека можеме да правиме и грешки. Направени се добри, корисни работи и во заедничката власт со господин Груевски, но направени се и добри работи со партијата на господин Зоран Заев во мандатот 2002-2006 и јас сум се потрудил да бидам еден искрен соработник, за важните теми. Не сум бил заинтересиран мандатот што произлегува од граѓаните да го користам за дневни политички придобивки, или за групни, или индивидуални, политички придобивки, туку мандатот што го имав добиено од граѓаните сакав да го материјализирам во насока на реализација на волјата на мнозинството граѓани, кои ми ја имаа дадено поддршката и ми ја даваат поддршката, во сите овие мандати.- вели Ахмети одговорајќи на прашањето со кого подобро функционирал дали со Груевски или со Заев.