Деца и родители, ѕвончето повикува селективно да го одложуваме стаклениот отпад?!

Возрасните постојано зборуваат за селектирање, рециклирање, но дали ние знаеме зошто е важно да го селектираме отпадот?!

Ако не го рециклираме пластичниот отпад, тој се носи во депониите. Депониите се огромни дупки ископани во земјата, надвор од градот, каде отпадот се собира и разложува со текот на годините. За жал, депониите ги загадуваат површините кои се во близина. Отпадот скапува, се раѓаат бактерии и штетни организми кои се размножуваат неверојатно брзо. Подземните води и водата од дождовите дополнително ги прошируваат отпадните отрови длабоко во земјата. Така отровните води може да дојдат во допир со зеленчукот и овошјето што го јадеме и со водата што ја пиеме, што претставува причина за многу болести. Од сите типови амбалажен отпад, стаклото се разградува многу бавно – така на пример на едно стаклено шише му се потребни милион години за да се разложи и да стане дел од почвата. Тоа значи дека еднаш оставеното стаклено шише секогаш ќе го најдете на истото место каде што сте го фрлиле, доколку тоа не сте го направиле на соодветното место. Исто така треба да знаеме и дека стаклото фрлено во природата со прекршување на сончевите зраци може да предизвика и пожар. Истото важи и за стаклото фрлено заедно со комуналниот отпад, завршува на депонија и повторно може да предизвика пожар.

Затоа, следниот пат кога ќе ја испиете водата или омилениот сок во стаклена амбалажа, треба да се сетиме на фактот дека стаклото останува да се разложува со години и затоа треба да го фрлиме стакленото шише во специјален зелен контејнер за стакло.

А за да имаме  зелени контејнери за стакло, од големо значење е регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, преку кој се набавени и поставени нови контејнери за стакло. Проектот е во организација на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), додека како локални партнери учествуваат Пакомак и Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Стаклото се рециклира во целост, односно 100% од материјалот може да биде реупотребен со што се заштедува и големо количество на енергија. Тоа е причина плус за да го одложите стаклениот отпад на правилното место – за тоа набрзо да стане нов сад кој можеби повторно ќе го сретнете по рафтовите во локалниот маркет. Зарем не е супер – кул идејата од нешто што веќе не го користиме да направиме нешто ново и корисно? Рециклирањето ни го овозможува тоа со многу помалку пари и енергија, а притоа учествуваме во зачувување на планетата Земја.

Следниот пат кога ќе го исфрлате стаклениот отпад, побарајте го зелениот “ѕвоно“ контејнер. А вие деца, информирајте ги и возрасните како треба да постапуваат!

Translate »