Државен удар во Венецуела, пукање на улиците на Каракас: Воено возило влетало помеѓу демонстрантите, Гуаидо тврди дека ќе оди до крај

Во Венецуела е во тек обид за државен удар, но вооружените сили остануваат верни на владата на претседателот Николас Мадуро.

Министерот за комуникација на Венецуела, Хорхе Родригез напишал на Твитер дека во оваа земја е во тек обид за државен удар и додал дека “мала група на војници предавници” им пружаат отпор на венецуелските власти. 

Министерот за одбрана на Боливарската република, Владимир Падрино Лопез додал дека војската останува верна на Мадуро, а министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса, ја обвини Колумбија дека го финансирала пучот.

Воено возило влетало помеѓу демонстрантите

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како оклопно возило на националната гарда на Венецуела оди директно кон групата на демонстранти и гази сè пред себе.

Како што пренесува Ројтерс, станува збор за група демонстранти кои фрлале камења на возилото и удирале по него со стапови, откако опозициониот лидер Хуан Гуаидо ги повикал припадниците на војската да му се придружат.

Куба го осудува обидот за пуч во Каракас

“Силно го осудуваме обидот за државен преврат во Венецуела. Цврста поддршка и солидарност кон уставниот претседател, Николас Мадуро, неговата влада и народот”, напишал министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез Париља на својот Твитер профил.

Зад државниот преврат стои потписот на Вашингтон

Со повикување на вооружените сили на Венецуела да го поддржат опозициониот парламент, Вашингтон се потпишал зад државниот преврат, смета министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса.

Jorge Arreaza M@jaarreaza

Los Jefes del golpe de Estado reconocen su autoría sin escrúpulos. La Administración Trump en su desespero pretende generar un conflicto interno en Venezuela. Las instituciones democráticas Venezuela garantizarán la paz del país. #TrumpHandsOffVenezuelaJohn Bolton@AmbJohnBolton.@vladimirpadrino: The FANB must protect the Constitution and the Venezuelan people. It should stand by the National Assembly and the legitimate institutions against the usurpation of democracy. The United States stands with the people of Venezuela.9603:21 PM – Apr 30, 2019Twitter Ads info and privacy1,665 people are talking about this

“Администрацијата на Трамп очајно пробува да создаде внатрешен конфликт во Венецуела. Демократските институтии на Венецуела гарантираат мир во земјата, Трамп, држи ги рацете понастрана”, напишал министерот на Твитер.

Белата куќа и Кремљ будно ја следат ситуацијата

Белата куќа навела дека претседателот на САД, Доналд Трамп, будно ја следи ситуацијата, додека од Кремљ порачуваат дека тоа е тема на разговор на шефот на руската држава Владимир Путин и постојаните членки на рускиот Совет за безбедност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјавил дека Путин и постојаните членки на Сојузот разговарале за ситуацијата во Венецуела.

“Учесниците на состанокот посветиле доволно внимание на ситуацијата во Венецуела, земајќи ги предвид вестите за обид на пуч”, изјавил Песков.

Во текот на митингот кој го предводел лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, пред воената база во Каракас се слушало пукање, јавува Ројтерс, повикувајќи се на наводите од очевидците.

Embedded video

Trish Regan@trish_regan

In Venezuela – some authorities attacking the people amid the uprising #OperacionLibertad6943:57 PM – Apr 30, 2019905 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Според нивните зборови, дошло до размена на оган помеѓу мажи во воена униформа, кои биле во придружба на Гуаидо и војници кои го поддржуваат претседателот Николас Мадуро, пренесува Ројтерс. Британската агенција претходно објавила, повикувајќи се на сведоци, дека венецуелските безбедносни сили фрлиле солзавец кон Гуаидо, кога со група на луѓе во воени униформи се појавил пред базата на воздухопловство во Каракас.

Translate »