Прва изработена мапа: Каде има најголем ризик, а каде најмал од земјотрес во Македонија
Потегот Дебар-Гостивар е под највисок степен на ризик од земјотреси, додека регионот околу Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Пробиштип е „наjсигурен“ покажува првата светска мапа што ја изработи непрофитната организација ГЕМ (Global Earthquake Model), со седиште во Италија.
ГЕМ ја претстави првата он-лајн мапа на ризик од земјотреси во сите земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Трите мапи, кои се резултат на долгорочни меѓународни напори и ќе се обновуваат секоја година, откриваат кои области на земјата се повеќе подложни на земјотреси, и каде би имало најголеми штети на објектите од сеизмичкиот феномен.
Иницијативата на ГЕМ беше создадена во 2007 година од страна на истражувачки институти и на ОЕЦД, со финансиска поддршка на големата германска компанија за реосигурување Минхен Ре. Дигитални мапи вклучуваат повеќе од 30 национални и регионални модели на сеизмичкиот ризик од разни страни како што се Геолошкиот институт на САД, Дирекцијата на Кина за земјотреси и надлежните органи на Јапонија.
Создавањето на мапи ги зема во предвид различните фактори, како што се градежните материјали, какви темели тие имаат, сеизмички контроли, итн Целта на ГЕМ е да им обезбеди модели на реален сеизмички ризик за секоја земја, така што така може да се пресмета можна идна материјална штета, што беше тешко досега, особено за земјите во развој.
Од 1980 година, 92% од жртвите на земјотресот бил во земјите во развој и новите економии со низок и среден приход. Шест од десет земјотреси (61%) се јавуваат секоја година во овие земји. Од друга страна, пак, само 3,6% од вкупниот број жртви, но над 60% од материјалната штета се евидентирани во побогатите развиени земји со долгогодишно градење и развиена инфраструктура.