БОГОЈЕСКИ: ГОСПОДИНЕ МИЦКОСКИ, ПРАШАЊЕТО Е КОГА ЌЕ СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ПОЛИТИКИТЕ НА “ГРУЕВИЗМОТ”?

Главен аргумент на господин Мицкоски со кој докажува дека се откажал од “груевизмот”, бил фактот што не му се приближувал на 5км на господин Груевски и не пиел кафе со него! Замислете, ова бил главниот аргумент! И тоа пред странците!?! – пишува поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески.

Што Ти згрешивме Господе?!?

Bogojeski

Господин Мицковски, Вие можете секој ден да си пиете кафе со господин Груевски, да си беседите на телефон 24/7. Тоа е Ваша работа и нас тоа не не интересира! Ние зборуваме за “груевизмот”, а не за лицето Груевски. Груевски не е “груевизмот”, туки политиките, начинот и методите на водење на партијата и државата! По мое длабоко убедување, господин Груевски беше само извршител во системот на “груевизмот”! Друг беше мастерот! – му порача Богојески на Мицковски преку најновата Фб објава.

Господине Мицкоски, прашањето е кога ќе се откажете од политиките на “груевизмот”? Кога ќе се откажете од привилегиите кои Ви ги остави во наследство тој “груевизам”? Кога од начинот на раководење со партијата, преку прогласување на платеници и предавници, преку уништување на човечки судбини, газење преку лешеви, само и само да се докопате до гола власт! Толку ли Ви е мила таа пуста власт?!? Таа пуста функција?!? Кога ќе се откажете од двете “дувла” во мермерната палата и она “руското дувло” на екипата од Агенција за разузнавање?!? Кога ќе се откажете од намерата да ширите лажни вести, преку стотиците лажни сајтови, блогови, ботови на социјалните мрежи, кои Ви ги остави “груевизмот” на располагање? Или од злоупотребата на мноштвото “медиуми”, кои патем речено имаат газда од Унгарија?!? Кога ќе се откажете од заканите и уцените кон Вашите неистомисленици или сопартијци кои различно размислуваме?!? Кога ќе престанете да ги “мотивирате” одредени “новинари” да уништуваат се што ќе Ви застане на патот, а да ја прават грда сликата за новинарството во земјава? Кога ќе се откажете од кадрите на “груевизмот”, кој се буквално 90% од Вашиот тим?!? Кога ќе престанете да правите слики со странци по ходници, а тоа да го прикажувате за “меѓународна поддршка” на Вашите политики за реставрација на истиот тој “груевизам”? – вели Богојески во својата објава.

Translate »