Од корона починало 5-годишно дете во Њујорк: Десетина деца заболеле од Ковид-19
Во Њујорк, после компликациите предизвикани од Ковид-19 починало 5-годишно момче, додека ширум истоимената американска сојузна држава тешко заболеле десетина деца со слични компликации, изјавил гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, пренесува „AP“.
Куомо додал дека во државата Њујорк се евидентирани 73 случаи на деца кои сериозно се разболеле и развиле симптоми слични на оние кои ги имаат заболените од болеста Кавасаки.
„Им препорачувам на сите родители кои се убедени дека нивните деца не можат да се разболат од Ковид-19 да внимаваат и предлагам да преиспитаме колку точно деца се отпорни на коронавирусот“, апелирал гувернерот Куомо.