Kако да се открие Алцхајмеровата болест пред да се појават симптомите
Физичарката Сања Јосеф Голубиќ од загрепскиот ПМФ во угледното научно списание „Хјуман бреин мепинг“ (Human brain mapping) го објавила трудот кој би можел од корен да го промени откривањето на Алцхајмеровата болест. Имено, Голубиќ открила биомаркер кој уште пред првите симптоми ја открива болеста, што моментно е тешко возможно. Притоа, таа се открива преку неинвазивна метода, врз основа на снимки од магнетни полиња кои ги произведува нормалната активност на мозокот. И би можело, ако потврдат клиничките тестови, индивидуално да се детектира болеста пред појавата на првите симптоми.
Сè почнало со здодевни пресметки. Звучната дразба човекот ја препознава по 100 милисекунди, а во меморијата ја складира за 300, објаснува таа. Таа компонента на складирање на звукот во меморијата инаку се нарекува П300. Со оглед на тоа што кај луѓето заболени од Алцхајмерова болест најголемите мозочни оштетувања се појавуваат во темпоралниот слепоочен лобус, токму таму каде што се примарните центри за слух, и тоа што Алцхајмеровата болест ја напаѓа меморијата, се претпоставувало дека кај луѓето што боледуваат од Алцхајмерова болест П300 нема да функционира како кај здравите луѓе.
По година дена не се открило ништо. Од теориските пресметки (пресметка на биомагнетски инверзен проблем) не се открило ништо. Барем не на почетокот. После сè, се покажало дека здравите и заболените од Алцхајмерова болест имаат ист П300 и дека нема никакви разлики. Голубиќ уочила дека кај здравите луѓе во првите 100 милисекунди постои активност во челниот лобус, а кај заболените – не.
Откритие по кое се трагало 30 години
Имено, постои нешто што се нарекува „гејтинг“. Станува збор за невролошки процес при кој мозокот филтрира релевантни и нерелевантни дразби. Долго се верувало дека тој процес се случува на две места во мозокот, и тоа во слепоочните лобуси, каде што се центрите за слух. Меѓутоа, еден научник, Вудс, во 1984 година снимил ЕЕГ на жена која имала оштетување на двата слепоочни лобуси и била глува. И од тие снимки било видливо дека и кај неа се одвивал тој процес „гејтинг“. Тоа значело дека постои трет извор, трето место во мозокот кое учествува во процесот гејтинг. Третиот извор долго време се барал, а оваа професорка го лоцирала во медијалното префронтално подрачје.
Како може да се детектира Алцхајмерова болест?
Тука доаѓаме до Алцхајмерот. Тој откриен извор, всушност, станал биомаркер кој детектира Алцхајмерова болест. Кај здравите луѓе, при звучна дразба, освен темпоралните лобуси, во првите 100 милисекунди се активира и центарот во тој медијален префронтален лобус од мозокот. Овој труд на Голубиќ објавен во престижното научно списание зборува за примената на активацијата на челниот извор кој учествува во гејтингот на детекцијата на Алцхајмеровата болест. Тоа би можело да биде многу важно бидејќи тоа е бинарен начин за детекција на болеста. Или тој дел од мозокот се активира ако личноста нема Алцхајмерова волест, или не се активира ако има.
превземено од факултети.мк