Лајм: Силна „шлаканица” од претседателот Стево Пендаровски за ДУИ

Именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за силна „шлаканица” од страна на претседателот Стево Пендаровски за ДУИ, велат партиски извори за весникот Лајм. Тие потсетија дека Муслиу бил споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш силно реагираше ДУИ, оценувајќи го како несоодветен кадар. Но, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо.

Translate »