Вознемирувачко видео: Објавена снимка од мртвото тело на напаѓачот во колеџот во Крим

Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа.

Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен степен на повреди“.

Како извршител на нападот е идентификуван Владислав Росљаков(18). Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не тероризам како првично што се сомневаа.

Напаѓачот во колеџот во Керч легално поседувал оружје, соопшти премиерот на Крим Сергеј Аксјонов.

– Тој законски поседувал оружје, рече Аксјонов.

Претходно, пратеникот Александар Хинштајн изјави дека 18-годишниот студент Владислав Росљаков минатиот месец добил дозвола за носење пиштол.

Во вчерашниот напад била активирана експлозивна направа, а потоа напаѓачот пукал со пушка. Во инцидентот се убиени 19 лица, меѓу кои и напаѓачот кој се самоубил.

Повредени се 53 лица, од кои 12 се во тешка состојба.

Росљаков беше ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат. Тој немал криманално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.

Мотивот за масакрот се уште не е познат. Иако најпрвин беше пренесено дека станува збор за терористички напад, откако беше идентификуван напаѓачот, објавено е дека станува збор за криминален акт.

Translate »