Дали знаеш колку интернет имаш на мобилен во моментов?
Во Македонија, споредено со странство, мобилниот интернет и пакетите кои ги нудат операторите се на завидно ниво, но сепак, секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација да му “снема” интернет на телефонот баш кога е најпотребен.
Ако во моментов некој ви го постави прашањето “Знаеш ли колку интернет имаш на мобилен сега?”, повеќето нема да знаат веднаш да одговорат. А, интернетот ни е толку потребен во секојдневното функционирање, што реалноста е дека не зависиме од мобилните телефони, туку од интернетот и можностите што ги нуди. Мобилниот телефон е само апаратот преку кој стигаме до нашиот бесценет интернет, а преку интернетот стигаме до целиот свет.
Без разлика дали зборуваме за работа, социјални контакти или семејно организирање, во ера кога времето е најскапоцената сопственост, важно е да знаеме како истото најрационално да го искористиме и да бидеме во тек со модерните технологии кои постојат токму за да ги заштедат нашето време и средства. Затоа и секоја сфера и бизнис кои постојат на интернет имаат своја мобилна апликација, и мобилните апликации се најпрактичното организирање на било која работа во секоја смисла.
Токму тука совршено се вклопува одличната мобилна апликација на Македонски Телеком, со која корисниците само со еден клик можат да проверат колку интернет имаат во секој момент, колку потрошиле, каде и со која фреквентност, колку им преостанува, но и единствена можност за припејд корисниците со еден клик да добијат двојно повеќе интернет преку активирање на интернет пакет.
Симнувањето на мобилната апликација е толку едноставно, а погодностите што ги нуди се толку практични, што е единствена на пазарот во секоја смисла, а бенефит имаат и припејд и постпејд корисниците. За сите поволности што ги нуди мобилната апликација на Македонски Телеком, прочитајте тука.