Петиција за стопирање на новите измени за законот за пушење
На фејсбук граѓаните потпишуваат петиција за да се стопираат измените за законот за пушење.
Да не дозволиме да се упропасти еден од ретките закони кој е во одбрана на човековото здравје стои во Петицијата .Дали профитот на мал број луѓе вреди колку здравјето и животот на само еден човек?
Вистинска бура на реакции на социјалните мрежи предизвика новиот предлог закон за пушење на Владата со кој ќе се дозволи во угостителските објекти во кои не се служи храна да се пушат цигари.
Основниот нацрт на законот беше најавен од премиерот Заев, кој можноста да се пуши во угостителските објекти, ја окарактеризира како „право на избор“.
-Комплетна либерализација и право на избор пред се на угостителските објекти каде не се служи храна да имаат право да изберат, ако сакаат да биде дозволиво за пушење тие да имаат право со лиценца тоа да биде нивен избор, ако имаат право да бидат за непушачи тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однеува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса, рече Заев.