Жителите на Долно Лисиче утре ќе излезат на протест

Жителите од селото Долно Лисиче,  утре од 14 до 16 часот, ќе го блокираат патот на местото викано Чатал каде главниот пат (улица 1) во Долно Лисиче се дели со споредниот пат.

– Веќе подолго време се соочуваме со проблем како што е неасфалтирана улица поради спроведување водоводна и одводна мрежа. Населението се соочува со потешкотии во извршување на секојдневните обврски. По тој повод како жители на село Долно Лисиче, општина Аеродром принудени сме да го блокираме патот во знак на протест – велат граѓаните.

Translate »