Макпрогрес и Дониа со донација од 300.000 денари на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола со цел обезбедување на услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19.
Одговорноста на секој поединец, организација и институција во овие вонредни услови е повеќе од потребна. Ова е посебно важно кога животот и здравјето на сите нас е во прашање. Ние како корпорација заедно со Дониа од Прилеп како одговорни чинители во оваа наша заедница позитивно одговоривме на барањето на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола за донација на финансиски средства со цел обезбедување на услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19.Како никогаш до сега сме исправени пред предизвикот кој нанесува огромна штетa и човечкa и материјалнa. Последиците со кои се соочуваме но и допрва ќе се соочуваме од нас бараат да се бориме сите заедно и да создадеме побезбедни услови за живот и работа. Нашата грижа не е само за нашето Макпрогрес семејство кое брои над 700 членови, туку и за сите оние кои живеат во нашата држава.
Оттука нашата одлука да ја потпомогнеме ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола во висина од 300.000,00 денари со цел обезбедување на услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19. Само да напоменеме дека со оваа донација ќе помогнеме на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, како превентивна здравствена установа и дијагностика, во реализација на напорите да обезбеди услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19 во нивната молекуларна микробиолошка лабораторија. Придобивките од почетокот на тестирањата се од големо значење за животот и здравјето на населението од регионот што го покрива ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар), како и за воспоставување, колку што тоа е можно, нормално функционирање на сите субјекти во овој регион.
Од нас зависат многу работи, од тоа како се однесуваме, дали ги почитуваме препораките и дали сме одгoворни пред себе и пред другите околу нас.
#ОдНасЗависи