Бајден со предупредување до Путин!
Американскиот претседател, Џо Бајден, кажа дека САД се враќаат на светската сцена и посочи дека дипломатијата се враќа во фокусот на американската надворешна политика, најавувајќи дека САД ќе ја укинат целата поддршка за офанзивните операции во Јемен и ќе назначат пратеник кој ќе се фокусира на долгогодишниот конфликт.
Тоа е една од неколкуте промени што тој ги најави во својот прв голем говор за надворешна политика по стапувањето на должноста, пренесува Си-Ен-Ен.
Бајден најави значителни промени во американската надворешна политика, вклучително и запирање на прераспределбата на војниците од Германија и зголемување на бројот на примени бегалци во САД.
Тој кажа и дека САД ќе ги обноват своите сојузи.