Топењето на Арктикот станува неверојатен бизнис: Светска сила планира да ги помати сметките на Америка

Во американската стратегија за Арктикот, која ќе биде објавена ова лето, министерот за поморство на САД, Ричард Спенсер, заклучил дека “проклетата работа се топи”, но уште една голема сила излегла со своја стратегија за овој проблем и тоа три месеци пред нив.

Политичката, односно геостратешка состојба со климатските промени околу ледената покривка, наведува “Foreign Policy”, е таква што 16-годишната поморска стратегија на САД за Акртикот морала да се менува по само 4 години.

Вековниот мраз се топи, поради што се отвораат нови пловни патишта, “се ослободуваат нови ресурси”, па и Кина бара свој дел од Арктикот. Во нивната стратегија, која е “свежа верзија” на американскиот документ, Кина го користи изразот “Поларен пат на свилата”, што произлегува од иницијативата на кинескиот претседател Кси Џинпинг – “Еден појас, еден пат”.

Тоа би можело да значи нов пловен пат преку одмрзнатиот Акртички океан, со кој би доминирала кинеската трговија, и кој би им служел на глобалните амбиции на Пекинг.

Кина веќе некое време има статус на набљудувач во Арктикот, а со Акртичката стратегија се подготвува да стане и земја со удел во тоа подрачје, што директно влијае на амбициите на САД.

Кинеската стратегија, освен пловниот пат, подразбира и помош и финансирање на стратегиите на земјите во арктичкиот појас, како Финска, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска.

Тоа подразбира и финансирање на научните истражувања, бидејќи Кина и тоа како е свесна дека топењето на Арктикот носи поплави во крајбрежниот појас на таа земја по кревањето на нивото на морето.

Русија со тие пловни патишта нема проблеми. Таа во тој случај би наплаќала “патарина” за оние кои пловат покрај нејзиниот брег, а за бродовите кои од Кина пловат кон Западот, овој пловен пат би значел заштеда од 15 дена во однос на Суецкиот канал и индонезискиот архипелаг.

Посебен “бонус” е и целосното заобиколување на американската воена морнарица во тие делови на светот.

Кина во својата стратегија предвидува и пократок пловен пат, кој за неколку децении ќе го отвори се поголемото топење на мразот на Северниот пол.

Translate »