Исчезнати се три деца, најмалото има 10 години
Ноќеска половина час по полноќ Е.К. (40) од Скопје пријавил дека на 07.05.2017 година во 20.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.
Во Полициската станица Гази Баба, од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ вчера околу 17.30 часот било пријавено дека на 6 мај 2018 година 12-годишен штитеник од установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.
На 7 мај во 15.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.А. (53) од Скопје пријавил дека на 5 мај 2018 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 10-годишен син.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на трите деца.