Исчезнала во густите шуми, сите почнале да губат надеж: Се борела со дивината 17 дена со скршена нога, јадела молци и бобинки
Иако нејзините најблиски не се откажале, надежта дека ќе ја пронајдат Аманда Елер која 17 дена претходно исчезнала во шумите на Мауи, Хаваи, била сè помала.
Инструкторката по јога исчезнала на 9-ти мај, кога ја пријавил нејзиното момче Бен Конкол, откако таа не се појавила на вечера.
Илјада волонтери, полицајци, пожарникари и кучиња трагачи учествувале во потрага на густите шуми околу патеката покрај која бил пронајден нејзиниот автомобил. Во потрагата биле вклучени и нуркачи, ловци, дронови и хеликоптери.
16 days.
Missing in a dense forest of Maui.
Still unbelievable.
Amanda Eller round alive in a ravine by a waterfall; spotted by a chopper paid for by donations.
Incredible how things happen.
What a second chance.
Can’t even imagine her thoughts in these past two weeks.558:48 PM – May 25, 201928 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
“Веќе почна да нѝ недостасува надеж. Кога ми заѕвони телефонот со неверојатни вести, мислев дека се шегуваат. Едноставно, не можев да верувам. Теренот на кој Аманда се изгубила е многу тежок”, изјавил нејзиниот татко, Џон Елер.
Како што им раскажала на пријателите, таа пробувала да се врати до својот автомобил кога сфатила дека се изгубила. Во тоа се обидувала два дена.
“Потоа се откажала од потрагата по автомобилот и започнала да бара вода”, раскажала нејзината пријателка Кејти и додала:
“Третиот ден се лизнала и паднала од висина од 6 метри. Тогаш ја скршила ногата и го скинала менискусот на коленото. Со тие повреди, се фокусирала само на потрага по вода и храна. Спиела во дупка каде се покривала со разни растенија за да се згрее и се молела да престане да врне бидејќи на себе имала само тенка маица и хеланки. Пиела вода од потокот кој го следела низ шумата и се надевала дека ќе ја одведе до океанот. Јадела диви јагоди и гуава. Секое утро се будела и си велела на себеси дека тоа е денот кога ќе се врати дома, а секоја вечер била лута бидејќи не успеала во целта”.
DRAMATIC RESCUE: Two weeks after disappearing during a hike in Maui, Amanda Eller flagged down a helicopter and was airlifted to safety. https://cbsn.ws/2K4GaCr 2599:00 PM – May 25, 201986 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
Кога Аманда веќе била потполно на работ на силата, ја пронашол хеликоптер на околу 11 километри воздушна линија од патеката на која се изгубила. Меѓутоа, поради тешкиот и нерамен терен, таа поминала околу 50 километри.
Елер подоцна раскажала дека и претходно слушнала како хеликоптерите ја бараат, но не успеала да им го одврати вниманието. Таа е примена во болница со голем број повреди и модринки, но ментално била во одлична состојба. Сега закрепнува од повредите и исцрпеноста, но лекарите велат дека набрзо ќе биде пуштена дома.