Како влијаат финансиите во една врска!
Финансиите можат да влијаат на врската многу повеќе отколку што мислите. Имено, несогласувањата околу парите се неизбежни и во најсреќните врски, особено кога едниот партнер заработува повеќе.
Разликата во платата може да предизвика чувство на безвредност кај едниот партнер и фрустрација, што може да резултира и со прекинување на врската. Според експретите, следниве правила можат да ви помогнат во овие ситуации.
1. Планирање
Планирањето на долгорочните цели и штедењето ќе ви помогне да се фокусирате на заедничките пари, а не на „мое“ или „твое“. Пробајте го ова со мали чекори. На пример, размислете да купите нешто заедничко со следните плати. Подоцна променете ја перспективата и почнете да штедите на месечно ниво, така што парите ќе се собираат со текот на времето. На овој начин и двајцата ќе се чувствувате задоволно и одговорно за вашето мало богатство.
2. Разговарајте за парите
Најважно е да бидете отворени. Едно истражување покажало дека најуспешните парови се оние кои ѝ даваат значење на меѓусебната финансиска ситуација. Среќните парови ја знаат сегашната и минатата финансиска ситуација. На овој начин подобро комуницираат и подобро се разбираат.
3. Тимска работа со граница
Експертите предлагаат паровите кои само што се вселиле заедно, на почетокот да имаат јасно распределување на парите. Доколку купувате стан или куќа, договорете се сопственоста да го одржува и вашиот придонес. Овој пристап ја олеснува комуникацијата и решава многу потенцијални проблеми. Плаќањето на сметките е нешто за коешто морате да се договорите и најдобро е да ги прилагодите заработката и количината пари што можете да ја дадете.
4. Знаци на опасност
Парите сепак можат да предизвикаат сериозни проблеми, па важно е да ја препознаете границата. Чувството на горчина може да се појави кога едниот партнер премногу троши или кога другиот премногу контролира и ја нагласува неговата финансиска моќ. Имајте на ум дека и финансиското малтретирање е малтретирање и се случува кога едната личност се обидува да ја преземе целта контрола над финансиските средства.