Астролошка прогноза за 9-ти декември

Ова е период на постојано движење. Ден на  храброст и бестрашност, доброволни жртви и напорно одење кон целта. Ќе се редат рекорди и подвизи.

Активен и креативен ден. Добро е за физичка вежба и време на чист воздух. На овој ден, мораме да бидеме чесни и фер, дури и во мали нешта. Треба да сте активни и здружени, групните активности ќе донесат корист затоа препорачувам  заедничка дискусија за проблемите.

Најопасни денеска се  лагата и ласкањето, се што го  негира принципот на  чесност и праведност.

Саботата е многу добар ден за сите рутински активности, се што бара детална и внимателна работа. На крајот од денот треба да се посветиме  на  доброто на другите.

Ранливи органи – гастроинтестинален тракт. Добро е да се третираат проблеми со кожата. Денот е погоден за козметички процедури и подготовка за пластична хирургија.

Пожелно е да излезете на свеж воздух, каде што можете да си ја наполните енергијата од природата.

Со многу љубов

Ивелина Рускова, астролог

astroiva (at) abv.bg, 0888 899 057

Translate »