Навивач на Роџер Федерер се разбудил од кома по 11 години и доживеал шок: Неверојатна приказна која нема да ве остави рамнодушни
Шпанецот Хесус Апарисио, навивач на Роџер Федерер, се разбудил од кома по 11 години и веднаш прашал што се случува со швајцарскиот тенисер, а одговорот кој го добил потполно го шокирал.
Оваа неверојатна приказна се случила во 2015 година, а четири години подоцна, во тенискиот врв и понатаму ништо не е променето.
Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал и понатаму доминираат во светот на тенисот, па оваа сага е уште поневеројатна ако се земат предвид сите овие факти.
Хесус Апарисио пред 15 години доживеал сообраќајна несреќа и поради тешките повреди останал во кома. Тој собирал пари за во 2005 година да го запознае својот идол, меѓутоа во тоа се испречила несреќата.
Таа 2004 година, неговиот идол бил прв во светот и играл врвен тенис, а младиот Шпанец, кога се разбудил од кома во 2015 година не можел да поверува дека швајцарскиот тенисер и понатаму е на врвот и дека освоил многу гренд слем титули.
“Одненадеж ми падна напамет да прашам за Роџер. Мислев дека се повлекол. Кога дознав дека е втор во светот и дека и понатаму игра, мислев дека се шегуваат со мене, а кога ми кажаа и дека освоил 17 гренд слемови, ги ставив рацете на главата од шок”, раскажал тогаш Хесус.View image on Twitter
A Roger Federer fan woke from 11-year coma, stunned to see him still playing in major final. http://thesco.re/1LtPN7R 546:11 PM – Sep 22, 201555 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
Откако излегол од болница и пристигнал дома, го гледал финалето на УС Опен помеѓу Швајцарецот и тогаш, како и сега, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и бил просто изненаден како игра српскиот тенисер.
“Бев изненаден колку добро игра Ѓоковиќ”, изјавил тогаш младиот Шпанец.