Нови Сад во опсада: Исчезна монструмот кој си го уби семејството пред децата

Горан Јанковиќ, (37) вулканизерот од Нови Сад, кој ја уби својата сопруга, и нејзините родители повеќе од 30 часа се наоѓа во бегство, поради што и вчера во тој град владееше опсадна состојба.

Имено, полиција има во цел град, а патролите деноноќно стојат пред куќата на убиеното семејство Пајиќ, во која се случи масакрот но и пред куќата на осомничениот.

Како што пишуваат медиумите од Србија, синовите на Горан и Мирјана кои имаат три и 10 години, и кои присуствувале на морбидниот злостор, се ноѓаат кај нивната вијна, односно жената на братот на Мирјана.

-Засега добро се држат. Помладиот брат прашува каде е мама, а постариот само молчи-рекол еден роднина.

Во петокот утрото Горан Јанковиќ дошол во родителската куќа на својата сопруга.

-Според досегашните сознанија, се претпоставува дека Горан прво упаднал во собата каде што спиел Бранислав и прво него го убил. Бранислав бил крупен и да бил буден сигурно би го совладал. Кога го убил дедото, почнал да се иживува врз својата жена, удирајќи ја по глава. Едноставно монструмот не можел да се помири со тоа дека го напуштила, дека сака да се разведат и дека после насилството кое го добила на 11 мај го пријавила во полиција-рекол извор за медиумите.

Монструмот после злосторството избегал и уште никој не знае каде е а во неговата родителска куќа освен полиција немало никој. Можеби илегално ја поминал границата, или се крие некаде . Сепак, мислам дека некаде се убил, обесил или скокнал во Дунав. Да има малку совест тоа би го направил–раскажуваат преплашените соседи и роднини.

Translate »