Проф. Росоклија: ЗОШТО ВО ПОЛИТИКАТА НЕМА КВАЛИТЕТНИ ЛУЃЕ?
Затоа што луѓето кои ја имаат моќта на умот или талентот, и го имаат респектот на умните и талентираните, не сакаат тој свој свет, граден со години, често низ генерации на едно семејство, да го заменат со свет исполнет со интелектуално и пред сѐ морално инфериорни личности. Кој сака тимот соработници што се создавал или тој лично го создавал цел живот, да го замени со тим државни службеници, по правило најнеквалитетните професионалци во секое општество, вработувани врз разни критериуми, скоро никогаш врз критериумот за квалитет и уште полошо, со уште една категорија луѓе, партиски послушници?