Циркус кој наместо животни користи холограми: Глетката е спектакуларна, а тие се спасени од живот во кафези
Луѓето и понатаму уживаат во претставите, но на помодерен и похуман начин. Изгледа дека сè повеќе зоолошки градини го менуваат концептот и системот на работа.
Германскиот циркус „Circus Roncalli“ е прв во светот кој животните ги замени со холограми кои се прикажани на посебен и спектакуларен начин.
Овој циркус постои со децении, но управата неодамна одлучи да ги замени животните со 11 проектори, ласери и објективи, а сето тоа е направено со стратегија, поставувајќи ги работите на различни места во салата за да можат реалистично да се прикажуваат холограмите на животните.
Благодарение на трудот на управата на циркусот и напредната технологија, многу од животните се спасени од кафези и живот “во затвор“, а луѓето можат да продолжат да уживаат во претставите на нов помодерен и похуман начин.