Кои мажи ги користат услугите на проститутките

Проституцијата се смета за најстариот занает на светот, кој денес е легализиран во некои земји, а иако е незаконски во поголемиот дел од светот сепак  преживеал со векови.

Иако е многу неблагодарно да се генерализираат работите, едно од поинтересните прашања е каков тип на мажи плаќаат за овие услуги.

Шведскиот психолог Шарлот Деоган и нејзините колеги го истражувале ова прашање, а потоа објавиле труд  со наслов „Архиви на сексуално однесување“.

Користеле податоци од примерок од повеќе од 6.000 мажи од Шведска, на возраст од 16 до 84 години. Клучното прашање во овој проект било: „Дали некогаш сте платиле или сте дале друга компензација за секс?“.

Проучувале и други варијабли во сексуалниот живот на испитаниците. Од испитаниците особено било побарано да го оценат нивото на сексуално задоволство во нивните животи.

Оние што изјавиле дека не се задоволни, добиле можност да ги кажат своите причини. Од недостаток на редовен сексуален партнер, недоволен број на сексуални партнери се до неможноста да имаат секс со нивниот партнер како што сакаат – во квантитет, мерка, квалитет или начин.

Потоа и други релевантни прашања се однесувале на сексуалните активности на учесниците на Интернет. Ова вклучувало пребарување на сексуален партнер преку Интернет и гледање порнографија.

Конечно, Деоган и нејзините колеги проучувале и разни демографски карактеристики, како што се возраста, степенот на образование и приходите.

Секој десетти маж плаќал за секс

Околу 10 проценти од испитаниците изјавиле дека платиле за секс во одреден момент од нивниот живот.

Откриле дека постарите мажи имаат поголема веројатност да плаќаат за секс отколку нивните помлади сонародници. Сепак, не е јасно зошто е тоа така. Можеби затоа што постарите мажи имаат подобри финансиски услови да плаќаат за секс.

Може да има и други причини зошто клиентите се постарите мажи. Нема сомнение дека помладите мажи имаат поголема веројатност да привлечат сексуални партнери отколку постарите мажи. Помладите мажи, дури и ако имаат расположлив приход, може да бидат почувствителни на предрасудите што ги опкружуваат плаќањето за секс.

Не се пронајдени значителни разлики во приходите или образованието помеѓу мажите кои плаќале за секс и оние кои не плаќале. Со други зборови, мажите не ангажираат проститутки само кога имаат расположлив приход.

Оние кои пријавиле незадоволство од нивниот сексуален живот и кои барале или запознале сексуални партнери преку Интернет, имале пет пати поголема веројатност да платат и за секс отколку другите мажи во примерокот.

Исто така, оние кои често гледале порнографија имале три пати поголема веројатност да платат за секс.

Овие три варијабли на сексуалниот живот (незадоволство, дружење преку Интернет и употреба на порнографија) веројатно се последици од високиот сексуален нагон.

Translate »