Приведено лицето кое качено на автомобил пцуеше во центарот на Скопје

Приведен е мажот кој на снимка којашто се појави на социјалните мрежи се гледа како пцуе, качен на автомобил.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лицето било пијано и против него ќе биде поднесени поднесоци по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци.

На снимката се гледа како лицето пцуе и кажува вулгарности за лидерот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, во центарот на Скопје.Мијакот  @Mijakott

Пуштај короната Венко, све нека не потепа. 😐

Embedded video

Translate »