Горан Пандев –гледајте и уживајте! (ВИДЕО)

Горан Пандев – СВЕТСКО А НАШЕ,  е вистинска фудбалска супер ѕвезда во Серија А. Повеќе од 15 сезони е во Калчото, бил европски, светски првак, освојувач на Скудетото, на Купот на Италија. Играл во гиганти како Интер, Наполи, Лацио, Џенова, и само една сезона во Галатасарај, претходно во Беласица, Специја и Анкона.

Речиси да нема нешто што не е кажано за “ГРАНДЕ“, за “ФЕНОМЕНО“, за “МАЧЕДОНЕ ПАНДЕВ“…кој станува легенда во фудбалска Италија, стрелец на 92 голови во една од најсилните лиги во светот.

И покрај своите речиси 37 години, тој ја носи фудбалска Македонија на својот грб кон историски успех, кон пласман на ЕВРО 2021.

Рекордер со 108 настапи и 34 голови во дресот со државниот грб…

Доста веќе, сите знаеме кој е Пандев! Тој е “ЛЕГЕНДА“, како што е насловено видеово кое што задолжително треба да го погледнете.

Е, па, драги читатели, гледајте, уживајте и воодушевувајте му се на МАКЕДОНЕЦОТ.

А како беше она, СВЕТСКО А НАШЕ…

ГОРАН ПАНДЕВ.

Translate »