Пановски: Сега бројот на заразени ќе опаѓа, треба да издржиме уште две недели

Докторот Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека пик на бројот на заразени со корона вирусот нема да има, или ако може да се смета за пик, тоа било кога бројката на новодијагносстицирани за еден ден беше 107.

-Беше евидентно дека Кризниот штаб го предвидуваше полошото сцернарио и беше претпазлив. И самите рекоа дај Боже да биде подобро. И се разбира вака е подобро.
Сега бројот ќе паѓа, немаше пик, како што јас кажав. Тоа беше и целта да нема пик. Јавноста треба да знае дека има и процент на позитивни тестови кој одеше и преку 10 посто, а сега е под седум проценти. И тоа охрабрува.
Според мене, пик нема да постои, или ако постои, тоа беше кога бројката беше 107 за еден ден. Сега кривата оди надоле. Епидемилолизте се свесни дека бројката нема да оди нагоре. Бројот на починати уште 15тина дена ќе остане ист, можеби и ќе расте. Треба да издржиме уште две недели со построги мерки и вирусот со високите температури ќе исчезне или ќе се истошти, рече Пановски.

Translate »