Земјотрес со јачина од 8 степени го погоди Перу, има повредени
Земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала го погоди Перу. Повредени се најмалку шест лица, а уништени се десетици куќи, три училишта, три болници и две цркви.
Земјотресот бил на длабочина од 114 километри.
Претседателот Мартин Вискара повикал на смиреност и рекол дека земјотресот бил почувствуван во целото подрачје на Амазон.
#AHORA Yurimaguas, Alto Amazonas, Loreto. Luego de los sismos registrados, se reportó el corte de la corriente eléctrica. Bomberos ya peinan las zonas afectadas, tras colapso de casonas antiguas casas en la calle Mariscal Castilla. #AlertasBomberos
Fotos: @bomberosPE10:51 AM – May 26, 2019
Во градот Јуримагас дошло до прекин на електричната енергија, а во тоа подрачје оштетени се и неколку патишта.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Лима, а жителите рекле дека траел невообичаено долго.