Младо момче фатило дете кое паднало од 5-тиот спрат: Се онесвестил во истата секунда
Младиот Тоник Тургханбек од кинескиот град Јининг успеал на неверојатен начин да спаси дете кое паднало од 5-тиот спрат на една зграда.
Тургханбек седел во својот автомобил кога одненадеж чул детски вресок. Тој го видел детето на работ од прозорецот на 5-тиот спрат од зградата и инстинктивно истрчал во намера да го фати и спаси.
Детето паднало врз него, а Тоник од јачината на ударот се онесвестил, пренесува “RTS”. Лекарите потврдиле дека детето и младото момче се добро и дека немаат сериозни повреди.
“Кога го загледав на прозорецот, тој веќе паѓаше. Не размислував, истрчав и го фатив. Не знам што се случило по тоа. Се онесвестив. Кога се разбудив, полицијата и спасувачите беа околу нас”, изјавил 28-годишниот херој.