Кон даде одговор на прашањето дали ќе мора да носиме маски и по вакцинирањето
Доктор Предраг Кон објасни дали ќе мора да носиме маски и по вакцинирањето. Тој истакна дека ја примил втората доза на вакцината и рече дека, според производителот, ќе биде целосно заштитен за три дена.
Се поактуелно станува прашањето за тоа дали ќе мора да носиме маски по приемот на вакцината.
„Чекајте, ништо не ми е јасно. Ако јас и Мариќ сме вакцинирани, и ако седиме заедно, тогаш не мора да носиме маски? А ако сум јас вакцинирана, а Мариќ не, тогаш мора да носиме маски?“, го праша водителката Кон.
„Видете, ако и двајцата сте вакцинирани, тогаш не мора да носите маски кога сте заедно, но тоа не значи дека не треба да имате маски во јавниот превоз. Некои ќе го испробаат тоа, а потоа се поставува прашањето за докажување кој е вакциниран, а кој не“, рече Кон.
Како што рече Кон, тој ќе продолжи да ја носи маската затоа што секојдневно е во контакт со пациенти и луѓе.
„Тоа е и психолошки момент“, рече тој.