ФОЈА: Скопје доби кровна градина поставена на автобуска станица

Скопјани ја добија првата кровна градина поставена на автобуска станица. Лоцирана на булеварот „Митрополит Теодисиј Гологованов“ во непосредна близина на поранешната фабрика „Алумина“  пејсажистите од градинарскиот центар ФОЈА ја изведоа оваа кровна градина која дава преубава слика, но истовремено на сите патници кои тука чекаат им овозможува многу попријатна средина. Кровни градини тимот на ФОЈА има досега изведено и на други локации, но сега првпат на автобуска станица.

Оваа изведна е дел од зелената иницијатива „Халк Еко“ која има цел да поттикне придонес за зелена средина и градење здрави животни навики. Изработката е со иновативните Семпервел модули за подигање кровни зелени градини, иновација на овој градинарски центар.

Кровните градини се иднината на урбаното живеење, апликативни на мали простори, но и на цели зелени кровови. Кровните градини покрај што ја зголемуваат естетската вредност на еден објект, влијаат позитивно на подобрување на глобалната микроклима во градовите, го намалуваат нивото на бука, влијаат на прочистување на воздухот, ја прочистува дождовницата а дури и воздухот внатре во објектот.

Во услови кога изчезнуваат зелените површини во нашите градови, а се соочуваме со загадувањето и глобалното затоплување, кровните зелени површини можат да бидат еколошката алтернатива која може многу да помогне. 

“Во градските средини се повеќе се намалуваат зелените површини, се помалку има простор за растенијата, што е дополнителен мотив за постоењето на кровните градини. Нашата цел е квалитетните, екстензивни, инстант кровни градини спакувани во иновативниот продукт Семпервел, да бидат физички, материјално и технички подостапни! Претставуваат надокнада на заробените зелени површини под објектите. Ги подобруваат нивните звучни и термички карактеристики, ја штитат изолацијата, штедат енергија. Ја апсорбираат прашината, го прочистуваат воздухот. Создаваат простор – место за куса пауза и одмор. Влијаат на расположението го намалуваат стресот, го убиваат сивилото и внесуваат живот врз бетонските зданија”, вели експертот за хортикултура Ѓорѓи Самарџиев, од градинарскиот центар ФОЈА.

Translate »