Хронологија на настаните во Атина каде во пожари загинаа над 50 луѓе, меѓу кои и деца
Најмалку 50 лица ги загубија животите, над 150 се повредени во силните пожари што ја зафатија околината на грчкиот главен град Атина. Според тамошните медиуми, ваква огнена стихија не се памети изминативе десет години.
Меѓу жртвите има и деца. Станува збор за најголемите пожари што ја погодија Грција изминативе десет години.
9.27 ч – Пронајдени 26 изгорени тела
Во една вила во одморалиштето Мати, на 25 километри североисточно од главниот град, пронајдени се 26 запалени тела. Како што пренесува грчкиот Црвен крст, се претпоставува дека станува збор за членови на едно семејство, а повеќето од нив се пронајдени прегрнати.
9.09 ч – Прогласена вонредна состојба
Грките власти прогласија вонредна состојба во околината на Атина пораси силните пожари што синоќа ја зафатија земјата.
9.01 ч – Спасени туристи од Данска
Спасителите пронашле група од десет туристи од Данска, кои минатата ноќ, бегајќи од огнот, со чамец отпловиле во непознат правец.
9 ч – Македонија ќе испрати два авиониа за гаснење на пожарите во Грција
Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде што околината на Атина ја има зафатено огнена стигија каква што не се памети изминативе десет години.
8.52 ч – Повеќе од 300 пожарникари се борат со огнената стихија
Досега се спасени 80-ина луѓе, а во акциите за гансење на пожарите се ангажирани над 300 пожарникари, со повеќе од 60 возила. Пожарникарите се борат да ја заштитат зоната околу летувалиште што се наоѓа североисточно од Атина.
Според зборовите на портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, 15 пожари избиле во исто време на три локации околу Атина.
8.20 ч – Грција бара помош од ЕУ
Грција побара помош од ЕУ, а Шпанија и Кипрас сами ѝ понудија помош за справување со пожарите во кои изгореа над 100 куќи и повеќе од 200 возила.
8.07 ч – Пронајдени двајца од исчезнатите туристи
Грките медиуми јавија дека десет лица, најверојатно, туристи од Данска, исчезнале кога бегајќи од огнот, влегле во чамец и се упатиле во непознат правец. Грчката крајбрежна стража почна акција за нивно пронаоѓање и спасување, при што двајца се пронајдени, а по другите се трага.
7.55 ч – Населбата Мати веќе не постои
„Мати повеќе не постои како населба. Видов тела, изгорени автомобили. Се чувствувам среќна што сум жива“, сведочат жителите на Грција за огнената стихија што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина.
7.40 ч – Меѓу жртвите има и бебе
Извлечени се уште четири тела од водата, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, кое, најверојатно, се задушило од чадот. Бројот на жртвите порасна на 24.
7.35 ч – Пожарот ги зафати регионите источно и западно од Атина
Пожари беснеат источно и западно од Атина поради што жителите мораа да ги напуштат своите домови.
Исто така, владата го затвори за сообраќај еден од главните автопати на релација Атина-Коринт, а ги запре и возовите што сообраќаат на тој дел од Атина. Еден од локалните градоначалници, Евангелос Бурнус, за „Катимерини“ сведочел дека видел како биле запалени повеќе од 100 дома и 100 автомобили.Презмено од makfaks.mk